Пукано во Тодоров пред Министерството за здравство, напаѓачот уапсен
Непознато лице денеска пукало во екс министерот за здравство, Никола Тодоров. Биле испукани најверојатно три куршуми, но Тодоров не е повреден. Лицето е совладано и приведено од страна на полицијата.
Инцидентот се случи непосредно пред примопредавањето на минстерската функција на новиот министер за здравство, Арбен Таравари.
Пред Министерството за здравство има многу полиција која го обезбедува просторот.
Полицијата работи на расчистување на случајот и повеќе информации најавија за подоцна во текот на денот.
Претходно Никола Тодоров си поднесе оставка од пратеничката функција и посочи дека ќе се посвети на адвокатската професија.
Слично
