Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукано во Борис Мутков, еден од оние што упаднаа во Собранието на 27 април

Пукано во Борис Мутков, еден од оние што упаднаа во Собранието на 27 април

Борис Мутков - Фантом, еден од учесниците во толпата која упадна во Собранието на 27 април, доживеал напад од огнено оружје во скопската населба Бардовци.

Нападот се случил синоќа околу полноќ, а во него било пукано со автоматско оружје во близина на мостот во самата населба додека се движел со автомобилот.

Информациите велат дека во неговиот „мерцедес“ е пукано од друг автомобил, а возилото било цело изрешетано од куршуми.

Фантом при пукањето е ранет и пренесен во најблиската болница на згрижување.

Мутков е еден од оние што доби условна казна затвор за упадот во Собранието.

Некои извештаи го поврзуваат со неодамнешното пукањето во Александар Палас минатиот месец.

Засега сторителите не се познати, а полицијата се уште нема детали.

Слично

Поврзани вести