Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО: Ранил роднина кој е префрлен на скопските клиники

ПУКАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО: Ранил роднина кој е префрлен на скопските клиники

Гостиварското обвинителство извршило увид во домот во Долна Бањица, каде денеска околу 11 часот e рането едно лице. Издадени се наредби за собирање на траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.

„Според првичните информации осомничениот кој е во блиски роднински врски со оштетениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил оштетениот во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош жртвата е пренесена во Ургентно – хируршкиот центар во Скопје каде што е извршена хируршка интервенција “– велат од Обвинителството.

Наведуваат  дека осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Слично

Поврзани вести