ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР: Едно лице е повредено
Полицијата соопшти дека едно лице денеска е повредено при престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар.
Околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар имало пукање од огнено оружје.
„Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во соопштението од полицијата.
На местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
