ПУКАЛЕ ВО ВОЗ СО ВОЗДУШНА ПУШКА - еве што им текнува на малолетниците
Не одат на училиште поради мерките за заштита од коронавирусот, но затоа им текнуваат секакви глупости.
Малолетници пукале во воз со воздушна пушка, а за среќа, од овој нивни „излет“ немало повредени.
Настанот го расчистува Министерството за внатрешни работи.
„На 22.04.2020 во 17.00 часот било пријавено дека на дел од пругата пред влезниот сигнал на Железничката станица Скопје Север, во правец кон Железничка станица Ѓорче Петров, од неколку малолетници било пукано со воздушна пушка врз машина од товарниот воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Јанковиќ, при што било оштетено стакло од локомотивата. При оштетувањето нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти Полицијата.
Слично
