Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека пукале во таткото, му го убиле 8-годишното синче во кумановско

Додека пукале во таткото, му го убиле 8-годишното синче во кумановско

Во близина на село Слупчане, во  кумановско, маж е пронајден застрелан во неговиот автомобил, а трагедијата станува уште поголема што на истото место животот му бил одземен на неговиот осумгодишен син. Најверојатно смртта на дететео се случила кога напаѓачите истуриле рафал над неговото возило.

Случајот е пријавен доцна синоќа, околу 22:40 часот, а крвавиот напад се случил кај  „Слупчански бунар“. Познато е дека станува збор за автомобил „опел астра“ со регистарски таблички СК 4080 АО. Во него било пукано од друго возило.

Обвинителството изврши увид на местото на злосторот, а возило е опсипано со повеќе куршуми. Таткото и малиот син починале веднаш од здобиените повреди.

МВР пронашло поголем број испукани чаури, а ќе се вештачи и возилото и ќе се изврши обдукција над телата.



Слично

Поврзани вести