Економија, финансии, бизнис

Контакт

Птичји грип во Мороишта - ризик за луѓето нема

Птичји грип во Мороишта - ризик за луѓето нема

Потврдено е дека има птичји грип во Македонија. 

Првиот случај е откриен  на 27 јануари. Живината е уништена и местото каде е одгледувана е дезинфицирано. 

Утврдено е присуство на високозаразна болест Авијарна инфлуенца или птичји грип тип АХ5Н8 кај живина во струшкото село Мороишта, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

Објаснува дека болеста не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје. 

Поповски вели дека се донесени неколку мерки и прогласени две заштитини зони под надзор, каде согласно по правилникот на терен се уништува целокупната живина и производи од живина што биле во контакт. На терен се активни 30 тимови по 4 лица.

„Секоја живина што ќе биде угината ќе биде обештетена. Веднаш ќе се прават записници и ќе се пополнува барањата за штета. Апелираме за максимална кооперативност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи големи економски штети“ - кажа Поповски.

Како симптоми Поповски ги наведе високата смртност и пад на несивоста.

Неодамна птичји грип имаше кај живината во Бугарија. 

Слично

Поврзани вести