ПССЕ ќе расправа за декемвриските парламентарни избори во Македонија
На зимската сесија (23 – 27 јануари) денеска Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе го разгледа извештајот за парламентарните избори во Македонија, кои беа набљудувани од негова делегација.
Покрај извештајот за спроведените избори, на дневниот ред на ПССЕ најзначајната дебата е посветена на нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа.
Ќе се дебатира и за предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството, како и потребата да се стави крај на кибердискриминацијата и говорот на омраза на интернет.
Слично
