ПССЕ го избра Јован Илиевски за судија во Стразбур
Јован Илиевски да биде судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од Македонија одлучи Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска.
Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа со тајно гласачко ливче до 17 часот можеа да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звонимир Јанкуловски.
Комисијата за избор на судии при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандиати доставени од Република Македонија, на состанокот одржан на 29 и 30 септември 2016 година во Париз, каде имаше и разговори со кандидатите.
Слично
