Првото бебе во Велес во 2021 се родило во домашни услови
Првото бебе во Велес во 2021 не се родило во болница, туку во домашни услови.
Симона Панова и Љупчо Митров синоќа во 21.30 прво станале родители, па потоа мајката и новороденчето со Итната помош биле пренесени во болница.
Елеонора Јованова, портпаролката на Општа Болница Велес потврди дека првото бебе во новата година е девојче, со тежина од 2,98 килограми и 58 сантиметри должина.
23-годишната Панова потоа била префрлена на акушерското одделение, а новороденчето се уште нема име.
Последен пат првото бебе што се родило во Велес на првиот ден од новата година беше во 2017.
Слично
