Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВОТО БЕБЕ АВГАНИСТАНЧЕ ШТО СЕ РОДИ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ВИКА ИСЛАМ - за него беа направени и 200 мекици

ПРВОТО БЕБЕ АВГАНИСТАНЧЕ ШТО СЕ РОДИ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ВИКА ИСЛАМ - за него беа направени и 200 мекици

Ислам е името на бебето, на млада Авганистанка, која се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, многу бргу по нејзиното пристигнување во Северна Македонија, oбјави Гласот на Америка на македонски јазик.. 
Машко е, ѝ е тешко 3 килограми и 200 грама. Таа е дел од првата група 149 жители на Авганистан, кој организирани дојдоа во земјата. 
Во чест на новороденчето, Црвениот крст, организираше дочек, со цел на овие луѓе да им се покажат и македонските обичаи кога на свет доаѓа ново бебе.

Беа направени 200 мекици и поделени за време на пладневниот ручек, помеѓу Авганистанците, кои се сместени во хотелот Белви во Скопје. И мајката и бебето се добри и веќе се заедно во хотелска соба.

Извор и фото Глас на Америка на македонски јазик

Слично

Поврзани вести