Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво задолжување за годинава !

Прво задолжување за годинава !
Утре Владата ќе го реализира првото задолжување од домашните кредитори во новата 2015 година. Според податоците од Министерството за финанасии, во текот на јануари се закажани две аукции на државни харитии од вредност, преку чија продажба Владата обезбедува пари за тековни буџетски трошења. Податоците од Календарот за државни хартии од вредност покажуваат дека во првата половина од годината, односно од јануари до крајот на јуни ќе се одржат 12 аукции, односно продажи на записи и обврзници. Во истиот период, или за шест месеци по основ на допсеани обврски кон домашните кредитори, државата треба да врати 400 милиони евра. Лани за прв пат Владата ги издаде првите обврзници со рок на доспевање 10 години, а продолжи со продажба на долгорочни хартии од вредност на пет и три години. Преку продажбата на државите хартии од вредност Владата главно обезедуваше пари со кои раздолжуваше доспеани долгови. Заклучно со ноември, Владата на домашните кредитори им должела една милијарда евра. Податоците упатуваат на позначаен пораст на долгорочните долгови. Така, обврзниците со рок на доспевање од 10 години  за 11 месеци зафатија 4% од вкупната структура на внатрешниот долг. Значаен пораст има и кај петгодишните обврзници чие учество се зголеми на 32%. Обврзниците со рок на доспевање од две години имаат удел од 11% а оние со тригодишна доспеаност учествуваат со скоро 7% во вкупниот јавен долг. Иако се намалува учеството, едногодишните записи и натаму предничат со удел од 44% во структурата на вкупниот внатрешен долг. Според последните податоци на Министерството за финансии, заклучно со ноември вкупниот Јавен долг изнесува 45,5% од Бруто домашниот производ.
Слично

Поврзани вести