Прво вода на Водно, потоа планови за изградба на скијачки центар
Прво вода на Водно, потоа изградба на Ски Центар. Како што објави телевизијата Алфа, на тендер Градежниот институт Македонија за услугите ќе добие околу 65 000 евра. За овие пари треба да изработи физибилити студија и утврди колку подземна вода има, каков е квалитетот но и какво техничко решение е потребно за да може да се искористи.
Претходна студија за исплатливоста и одржливоста на Ски- патеки на Водно покажа потреба од вештачки снег за кој пак се потребни поголеми количини вода. Како на поскапо и технички потешко решение се гледа на можноста вода да се носи со цевки од Градот или друг извор, пишува Алфа.
Инаки според најавите, скијачкиот центарот на Водно треба да се прави како јавно-приватно партнерство. Сепак на тендерот што го распиша Град Скопје пред три месеци, не се пријави ниту една компанија.
Идејата предвидуваше на Водно да се гради современ и модерен скијачки комплекс којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти. Според условите во јавниот повик, се планираше изградба на на 4 ски патеки на Водно, со вкупна должина од 3850 метри, три ски лифта, со должина од 1350 метри, два подвижни тепиха со должина од 160 метри, еден ресторан од 200 метри квадратни, административна зграда со ресторан, ски рента и ски школа од 240 метри квадратни, моторни санки заклучно со сервис, прва помош, пумпна станица за системот за технички снег, ски патрола, акумулација вода и систем за технички снег.
Приватниот партнер, што ќе достави најповолна понуда, според распишаните услови беше должен да ја изгради патеката, да ја управува и одржува во следните 25 години. Концесискиот надоместок ќе се плаќа на годишно ниво во износ од 1% од вкупниот годишен приход утврден врз основа на официјални годишни финансиски извештаи на приватниот партнер.
Слично
