Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО СЕЛФИ НА СЛОБОДА: Боки - 13 се огласи на социјалните мрежи, еве што порача

ПРВО СЕЛФИ НА СЛОБОДА: Боки - 13 се огласи на социјалните мрежи, еве што порача

Прво и најважно здравје, па потоа се ќе си дојде на свое. Со овие зборови вечерва на Фејсбук се обласи Бојан Јовановски, или попознат како Боки 13 кој од неодамна е пуштен од затвор, откако повеќе клиники и лекарски козилиуми потврдија дека тој се соочува со сериозен здравстен ризик.

- Прво селфи на слобода по повеќе од 4 години! Господ напомош, прво и најважно здравје, па потоа се ќе си дојде на свое место! Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови во текот на целиот изминат пеколен период - напиша Боки на својот Фејсбук профил. 


За потсетувњае, поради лошата здравствена состојба, Боки 13 е пуштен од затвор. 

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако задоцнета, е праведна.

- Ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице – посочи пред една недела Туфегџиќ.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести