Прво се скарале децата, а потоа се степале татковците
Во гостиварско село прво се скарале децата, а потоа се степале татковците.
Во ПС Гостивар вчера во 21 часот, С.Х. (39) од село Горна Бањица гостиварско пријавил дека околу 19.00 во селото откако се сретнал со М.Д (37) од истото село, а поради претходна вербална расправија меѓу нивните малолетни деца, истиот физички го нападнал пријавителот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
