Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРВО ПАРТИСКИ КОНГРЕС ПА РЕКОНСТРУКЦИЈА“: Мицкоски вели дека има високо мислење за Беким Сали, но Вреди нема да добие министерско столче повеќе

„ПРВО ПАРТИСКИ КОНГРЕС ПА РЕКОНСТРУКЦИЈА“: Мицкоски вели дека има високо мислење за Беким Сали, но Вреди нема да добие министерско столче повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да има столче повеќе во Владата за коалицијата Вреди, откако од таму рекоа дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, но не споменаа дали тој или не кој друг ќе биде министер за животна средина, на местото на Изет Меџити кој доби мандат како градоначалник на Чаир.

„Јас имам високо мислење за Беким Сали но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет. Реконструкција ќе има, но сега сме фокусирани на конгресот кој ќе се случи на 6 декември во Кавадарци, потоа формирање на партиските структури и додека сето тоа трае, ќе размислуваме за одредени кадровски поместувања во владата. Јас сум подготвен со секого да разговарам од коалицијата, но мандатар сум јас, нормално дека јас го имам последниот збор“, рече Мицокоски.

Реконструкцијата нема да се случи веднаш по изборите како што велеше во кампањата, туку ќе биде процес кој ќе трае.

„Реконструкција не се прави само за да се реконструира владата. Пред било кој потег треба добро да се размисли, дали тоа ново кадровско решение ќе биде подобро од претходното. Тоа е еден процес на сериозна анализа. Сега сме фокусирани на партискиот конгрес, а потоа паралелно со тој процес ќе размислуваме за кадровски поместувања ако има потреба од тоа. Оставете му време на времето и ќе добиете одговор дали може да бидеме подобри - секогаш можеме да бидеме подобри“, додаде Мицкоски. 

За извештајот на ЕК, вели дека доколку ги направиме уставните измени, ќе имаме оцена петка. Додава дека сме со осум поглавја пред Албанија. 

„На прво место се Црна Гора, на второ место ние и Србија, па потоа се другите. Ме охрабруваат пораките за економијата, борбата против перење пари, за царината, деловите како што се роамингот, има многу работи кои треба да се пофалат, јас сум задоволен и тоа ме охрабрува“, посочи Мицкоски.

Слично

Поврзани вести