Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ПА МАШКО: Три бебиња дојдоа на свет една минута по полноќ во Скопје!

ПРВО ПА МАШКО: Три бебиња дојдоа на свет една минута по полноќ во Скопје!

Првите родени бебиња во главниот град се две момчиња и едно девојче.

Сите три се родени на Клиниката за гинекологија во Скопје во една минута по полноќ.

Едното бебе е машко и е трето дете во семејството, а другите се близначиња и се први деца.

Машкото бебе е тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри од мајка  Јована Андоновска Буриловска, родена 1978 година од Скопје, општина Карпош, додека другата родилка е Александра Андонова   родена 1982 година која родила близнаци и тоа женско кое е тешко 2 килограми и 290 грама и долго 47 сантиметри, а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама и долго 48 сантиметри

Денеска во 11,30 часот Мајките и бебињата ќе бидат посетени од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој на првороденчињата, ќе им подари штедни книшки со 20.000 денари и други пригодни подароци.

Слично

Поврзани вести