Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како пратеник се обрати на собраниската говорница и рече дека „им се извинува на сите за непријатностите што ги предизвикале народните избраници на Левица“.
Претходно сите шест пратеници на Левица зедоа збор и беа најжестоки против изборот на Африм гаши за претседател на Собранието, со аргументи дека тоа претставува „етнотрибализација и косоваризација на Македонија“,
- Со неколку клипчиња на социјалните медими ќе се обидат да ве девалвираат, но и граѓаните кои масовно ја поддржаа идната влада. Се извинувам и на оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници, кои очекуваат дека со агресивен стил ќе постигнат нешто.
Јас сакав само да кажам неколку важни работи што ќе следат - ќе следат години на владеење на право, борба против корупција, но ќе има и вакви егзибиционисти. Ќе навредуваат, омаловажуваат во отстуство на идеја
Имаа можност да застанат зад политиките над половина милион граѓани. Го одбија повикот за национално единство, стопани им се Артан Груби и Али Ахмети, па го бојкотиравте изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседател, рече Мицкоски.
На ова реплицираше Димитар Апасиев, претседателот на „Левица“.
- Повторно сте на погрешна страна, за косоваризација на македонскиот парламент, но да го видиме вашиот анкетен лист со хидроцентралите кои во меѓувреме можеби ги префрливте на некој. Добро е што се одваживте да бидете јавен функционер. Ние ја одбравме македонската, а вие тиранската платформа, искоментира Апасиев.
