Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво мерка, потоа носење на сметот во депонија

Прво мерка, потоа носење на сметот во депонија

Поради потребата од детални анализи за изградбата на регионалната депонија за Источно планскиот регион, штипското комунално претпријатие „Исар“ започна да го селектира и мери отпадот од домаќинствата. Според директорот Никола Мицевски, следните седум дена ќе се мери отпадот, кој се депонира на штипската депонија, почнувајќи од денеска. Тој додава дека секое возило пред да го испразни отпадот на депонијата ќе биде измерено.

„На овој начин ќе добиеме информации колкав е отпадот, односно колку од него е биоразградив, пластика, хартија и на друг вид на отпад“, вели Мицевски.

Надлежните за источно планскиот регион ангажираа експерти за да направат анализа колку отпад се депонира на депониите во 11 општини.Оваа анализа, вели Мицевски, е потребна за да се утврди каква регионална депонија треба да се изгради во во оваа област.

Слично

Поврзани вести