Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРВО ЌЕ СЕ ПРОВЕРАТ ДОКУМЕНТИТЕ И ОСНОВНИОТ ПРОЕКТ“: Мицкоски најави довршување на пругата до Бугарија

„ПРВО ЌЕ СЕ ПРОВЕРАТ ДОКУМЕНТИТЕ И ОСНОВНИОТ ПРОЕКТ“: Мицкоски најави довршување на пругата до Бугарија

Тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, бидејќи на тој начин ќе ја потврдиме нашата цел, да бидеме крстосница на два многу значајни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 10. Третата фаза е во процес на развивање. Битно е дека сите пречки се надмината, постигната е согласност со нашиот источен сосед, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Нашиот дел, би рекол, со одлуката на Влада да се активира грантот, што значи техничка поддршка од страна на Европската инвестициона банка, подразбира дека и ние отпочнуваме со овој проект, техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување на јавен повик за изградба на третата фаза, со што ќе ја заокружиме целата делница која што е дел од коридорот 8, од Куманово до границата со Бугарија. Од другата страна процесот напредува, што значи дека коридорот 8 ќе биде целосно исполнет“, рече Мицкоски. 

Тој посочи дека работите на Коридорот 10, кој е дел од проектот со владата на Обединетото кралство се во напредна фаза.

Слично

Поврзани вести