Прво ќе се обрати Урсула фон дер Лајен, а потоа пратениците ќе расправаат за францускиот предлог
Урсула фон дер Лајен која е на чело на Европската Комисија(ЕК) во четврток ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание. Потоа е закажана и седницата на која ќе се расправа за францускиот предлог.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика пратениците на СДСМ да го одбијат предлогот и да го послушаат народот. Од СДСМ велат дека очекуваат силна поддршка од Собранието и од пратеници на опозицијата за продолжување на европскиот пат. Секој ден во 19 часот во Скопје има протести поради овој предлог. И Македонците кои се во Малта денеска излегоа на мирен протест пред француската амбасада во Валета.
Слично
