ПРВО ИМ СЕ ЗАКАНИЛ НА СОПРУГАТА СО КОЈА СЕ РАЗВЕДУВАЛ И НА СИНОТ ДЕКА ЌЕ ИМ ГИ ЗАПАЛИ СТАНОТ И КУЌАТА, А УТРЕДЕНТА И ГО СТОРИЛ ТОА - Обвинение за скопјанец
Основното јавно обвинителство Скопје ја завршило претходната постапка и ги прибрало доказите, врз основа на кои поднело обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
Најпрво, на 1 мај телефонски и се заканувал на оштетената и на нивниот заеднички син дека ќе им ги запали станот и куќата, а еден ден подоцна ја реализирал заканата, предизвикувајќи пожар со бензин пред влезните врати на двата објекти. Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата и на станот кој се наоѓал во зграда, па била предизвикана значителна опасност за животот на луѓето.
Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, се вели во соопштението од Обвинителството.
