Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ГО УДИРАЛ СО РАЦЕ И НОЗЕ, ПОТОА СО МЕТАЛНА ШИПКА - Обвинителство покрена обвинение за убиството во Сретеново, Дојран

ПРВО ГО УДИРАЛ СО РАЦЕ И НОЗЕ, ПОТОА СО МЕТАЛНА ШИПКА - Обвинителство покрена обвинение за убиството во Сретеново, Дојран

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. 

- Сега починатиот Никола Тимев, инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.

Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. 

Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди - соопштуваат од Обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

Претходниве денови пак МВР објави дека полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. поради убиството во Сретеново. Тие укажаа дека педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал во болницата во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р..


Слично

Поврзани вести