Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ГИ ИСКАРА СКОПЈАНИ ДЕКА ШЕТААТ, А ДЕНЕСКА ДЕЗИНФИЦИРАШЕ - градоначалникот Шилегов во акција

ПРВО ГИ ИСКАРА СКОПЈАНИ ДЕКА ШЕТААТ, А ДЕНЕСКА ДЕЗИНФИЦИРАШЕ - градоначалникот Шилегов во акција

Прво ги искара скопјани дека се шетаат и покрај препораките на Владата, објавувајќи и фотографија од тоа како тие го наполниле Градскиот парк, а ден потоа, односно денеска, активно се впрегна во дезинфицирање на јавните површини, во што се вклучија и возилата на Противпожарната бригада.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска влезе во бескомпромисна битка со коронавирусот, објавувајќи серија фотографии каде се се вршела дезинфекција, и тоа Градскиот парк и Водно, Паркот во Сарај и влезот во Чаршија, Плоштадот и улицата Македонија, како и Кејот на Вардар и некои други локации.
Еве како денеска одеше дезинфицирањето на главниот град. 

А ова следуваше откако претходно, вчера, ги искара скопјани дека шетаат, иако препораките се спротивно, а како аргументација објави и фотографија од тоа колку бил полн градскиот парк.
„Системот ти вика: седи дома, не се групирајте, не излегувајте без потреба, не се собирајте повеќе од 5 луѓе на јавен простор ...

Ти: се шеташ, си тераш друштво и забава, си фураш журки, “ова не е ништо”, “обична настинка е”, “мене не може да ми се случи” ...

Фаќаш вирус, во болница нема место, лекарите се пребукирани, тешко дека ќе добиеш помош, оставен сам на себе и викаш: што направи системот (државата) за да се спречи ова !!!

Во меѓувреме, денес во Италија починаа 627 лица. До пред две недели, шетаа, пиеа кафиња по кафичи, се смееа, се журкаа, нив не ги фаќаше, обична настинка, само обичен грип било ... Ви звучи познато, нели ?

Седете дома луѓе. Седете дома ...“, напиша Шилегов на својот фејсбук профил.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести