Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првите туристи во Охрид стигнаа од Данска

Првите туристи во Охрид стигнаа од Данска

Охрид туристичкиот, културен и духовен центар на Република Македонија, градот под заштита на УНЕСКО ги дочека своите први гости - туристи од Данска.

Низ охридската ревиера најсреќниот народ на земјава Данците, ќе имаат можност да одмараат и да дишат чист езерски воздух.

Домаќинот - Охридскиот хотел „Тино“ каде ќе престојува првата група која ја отвори сезоната на туризмот во Охрид ги дочека на стар традиционален начин своите орви гости со погача, локум и македонска ракија, а беше послужено и охридско ѓомлезе.

Позитивно изненадени од ваквиот гест и убав дочек, Данците раскажуваат дека за бисерот на Македонија дознале преку интернет и решителни одлучиле да го посетат.

„Два пати ја посетив некогашна Југославија и бев воодушевен. Во Македонија, поточно овде во Охрид ќе престојувам 22 дена и знам дека ова ќе биде убав одмор.“, вели еден турист.

Лани, во Охрид Данците оствариле три илјади  ноќевања, а годинава таа бројка се очекува да биде поголема за уште две илјади.

Слично

Поврзани вести