ПРВИТЕ СМС ПОРАКИ ОД МВР ВЕЌЕ ПРИСТИГНАА: Нема веќе бегање, во пораката ви пишува се!
Првите СМС пораки за сторен сообраќаен прекршок веќе почнаа да пристигнуваат на телефонските уреди кај возачите. Пораките, како што објави Скопје 1, доаѓаат од официјален испраќач МВР-СЦ, а содржат регистарски таблици на возилото, линк до кој граѓаните ќе можат да ја преземат целата документација, вклучувајќи го и записникот за сторениот прекршок. Во документите има наведено се. Време на правење на прекршокот, локација, вид на прекршок, како и сите технички податоци за камерата што ве сликала, односно, датумот на нејзиното баждарење.
Инаку, како што изминатиот период најави МВР, од денес стартува пробниот период за проектот Сејф сити. Истиот до граѓаните ќе испраќа само предупредувачки пораки, а од први јануари системот ќе казнува секој што ќе стори прекршок. Возачите ќе можат да платат половина казна исто како што беше и досега.
Непрописното учествување во сообраќајот ќе се казнува и на автопатите долж коридорите 8 и 10.
