Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД АВТОПАТОТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ЧИНИ 90 МИЛИОНИ ЕВРА: „Ќе биде готов за две и пол години“

ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД АВТОПАТОТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ЧИНИ 90 МИЛИОНИ ЕВРА: „Ќе биде готов за две и пол години“

Изградбата на автопатот Тетово – Гостивар официјално почна денеска и тоа е дел од Коридорот 8. Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски изјави дека за две и пол години ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава

Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување.

„Навистина е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар. Ова десно од нас, ние сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше еден експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава.

Сакам да споделам два факти со вас. Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денеска во април 2025 година имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово-Гостивар 17,5 километри, на Гостивар - Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што мислам дека ќе се согласите е огромен прогрес.

Тајната е многу едноставна, се вика работа и подршка. Сакам лично да се заблагодарам на премиерот за подршката на дневна основа. Ние на дневна основа се координираме за овој и за останатите големи проекти. Сакам да се заблагодарам на ЈП за државни патишта, на Проектната единица и директорот Трајановски, на цел тим кај мене во Министерството за транспорт и на целата Влада затоа што ова е заеднички напор и успех. А успесите доаѓаат со заедничка формула, ние заедно со тимот на Бехтел и Енка секоја недела или во најлош случај еднаш на две недели одржуваме големи состаноци на кои заеднички ги координираме работите, гледаме што сме завршиле и си даваме задачи за следниот период. Потоа на дневна основа ги решаваме  проблемите и скоро секој ден комуницираме. Следниот ваков состанок е вторник затоа што имаме многу работа пред нас. Нека е со среќа”- изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.


Слично

Поврзани вести