Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот опозиционер најавува оставка

Првиот опозиционер најавува оставка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Курир најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата. Порачува дека еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата.

„Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка.

Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го мислев и тогаш на 15ти октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и  можам да го кажам и најдиректно и понепосредно“, вели Никола Груевски лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на прашањето дали Никола Груевски ќе остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ или не.

Слично

Поврзани вести