Првиот лустратор Томе Аџиев на распит во СЈО
Поранешниот прв човек на расформираната комисија за лустрација Томе Аџиев е повикан во СЈО на распит за случајот „Моќник“ во кој се осомничени уште и пратеникот Антонијо Милошоски и неговиот татко.
Според јавно објавените податоци од СЈО, пратеникот Милошоски, сметајќи дека еден судија од Основниот суд во Кичево е близок со градоначалникот на Пласница и го штити, а со кого тој имал недоразбирање, го потикнал претседателот на Комисијата за лустрација Аџиев да го лустрира судијата, за да му престане функцијата. За ова СЈО како доказ поседува телефонски разговор меѓу Милошоски и Аџиев.
Аџиев постапил по барањето на пратеникот и заедно со членовите на комисијата го прогласиле судијата за кодош, односно донеле нарачана одлука за лустрација на судијата Драги Билески. Како резултат на оваа одлука Судскиот совет подоцна го разреши судијата.
Милошоски ја злоупотребил својата позиција што на таков начин би му се ослободил пат преку судскиот систем лично да се пресмета со Исмаил Јаоски, градоначалникот на Пласница и Пуцко Петрол.
