СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ РЕИНВЕСТИРАЛЕ ДУРИ 107 МИЛИОНИ ЕВРА - Профитите на компаниите остануваат во земјава
Странските инвеститори кои работат во земајва се повеќе се одлучуваат својата добивка која ја остваруваат во земајва, водено и да ја реинвестираат, што значи таа ќе биде зачувана во земјава.
Ова всушнот го покажува трендот на странските директни инвестиции во земјава, што може да се забележи од фактот дека од вкупно 126 милини евра инвестиции во земајва, дури 107,2 милини евра се реинвестирана добивка.
Сосема легитимно се поставува прашањето, дали трендот на вложување на странските инвеститори ќе биде зачуван и оваа година?
Најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија, покажуваат дека во првите три месеци од годинава во нашата земја вкупните директни инвестиции надминале 126 милиони евра.
- Во текот на првиот квартал од 2023 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 126,5 милиони евра, како резултат на реинвестираната добивка (107,2 милиона евра) и зголемените инвестиции во сопственичкиот капитал (44,7 милион евра), додека кај меѓукомпанискиот долг се остварени нето-одливи (од 25,5 милиони евра) - пишува во соопштението на НБРМ.
Како што може да се забележи од нивната табела, првиот квартал годинава е за нијанса послаб од минатогодишиот пласман на директни инвестиции.
Податоците за трансакциите на директните инвестиции се прикажуваат според пазарната вредност.
