Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот грчки F16 ја прелета Македонија

Првиот грчки F16 ја прелета Македонија

Првиот лет на еден грчки борбен авион над Северна Македонија беше остварен претпладнево, објави Катимерини. Летот го изведе ловец од типот F16 од 347-ескадрила од базата кај Лариса.

Целта на летот беше да се провери дали постојат "мртви" сектори (слаба комуникација) на територијата на Северна Македонија и да се испита компатибилноста на системите за детекција.

Овој прв лет беше тестирање, додека други ќе следат во периодот што следува.

Надзорот на македонскиот воздушен простор од страна на грчката авијација е во начелото на Преспанскиот договор и политика на НАТО во изминатите 12 години.

Грција со свои борбени авиони веќе го чува небото на Албанија и Црна Гора.


Слично

Поврзани вести