Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИОТ ЧОВЕК НА СОНК, НЕДЕЛКОВ ДО ДИРЕКТОРИТЕ - немојте да ги терате наставниците за викенд да ги пишуваат свидетелствата, кога не успеаја за два месеци

ПРВИОТ ЧОВЕК НА СОНК, НЕДЕЛКОВ ДО ДИРЕКТОРИТЕ - немојте да ги терате наставниците за викенд да ги пишуваат свидетелствата, кога не успеаја за два месеци

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, реагира дека директори ги тераат наставниците да ги изработат свидетелствата за време на викенд, со цел да се запази рокот кој истекува до вторник идната недела. 

Ова од причина што учебната година завршува во вторник, идната недела, и дотогаш треба да бидат поделени свидетелствата. 

„Ако два месеци доцнеа свидетелствата во училиштата, не очекувајте дека за два дена ќе бидат напишани, особено не во сабота и недела. Општински образовни власти и директори, без притисоци врз наставниците!

Тие се најмалку виновни за настанатиот проблем!“, напиша Јаким Неделков на својот фејсбук профил.

Како што е познато, во СОНК уште од поодамна имаше реакции за недостигот на свидетелства. 

Според нивните имнформации, тој недостиг се должи или на нереализиран тендер за набавка на свидетелства или, пак, тендерот бил доцна распишан. Непринципиелно е поради некои процедури, свидетелствата да не се издадат навреме. Ова е голем минус за службите, изјави своевремено првиот синдикалец на СОНК, Јаким Неделков

Како што е познато, уште во јуни откако заврши учебната година заврши, во основните и во средните имаше недостиг на свидетелства. Односно, училиштата добија свидетелства за учениците во деветто одделение и во четврта година средно зашто им се потребни за упис во средно училиште и на факултет, но немаше свидетелства за учениците во преостанатите одделенија и класови.

Слично

Поврзани вести