Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првично велеше дека не е Сталоне, денес таткото на Боки13 призна дека го истепал попот

Првично велеше дека не е Сталоне, денес таткото на Боки13 призна дека го истепал попот

Со тешки телесни повреди заврши свештеникот Виктор Стојчев пред повеќе од две години кога го нападна таткото на Бојан Јовановски .

Миле Јовановски денес во судот ја призна вината а веќе во понеделник ќе ја слушне и пресудата.

„Го признавам делото, иако не во целост. Никој не вршеше притисок врз мене да признаам. Да, во целост ќе ја платам штетата на оштетениот“, одговараше Јовановски на прашањата на судијката Александра Ристевска.

Од друга страна попот рече дека ќе бара оштета преку граѓанска постапка.

Имено инцидентот се случи на 7 јануари 2017 година во дворот на оштетениот Стојчев кога Јовановски го нападнал попот со тупаници а потоа и со нозете. Тогаш Столев паднал на земја, а Јовановски продолжил да го удира при што попот завршил со скршен клучен зглоб од левата нога.

Јовановски по едно рочиште пред новинарите велеше дека не е Силвестер Сталоне за една минута да го истепа попот.

Слично

Поврзани вести