Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИЧНИТЕ ПРОЦЕНКИ СЕ ДЕКА ДРЖАВАТА Е ОШТЕТЕНА ЗА НАД 4 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ: Директорот на БЈБ вели „монтирани државни исплати завршувале во приватни џебови“

ПРВИЧНИТЕ ПРОЦЕНКИ СЕ ДЕКА ДРЖАВАТА Е ОШТЕТЕНА ЗА НАД 4 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ: Директорот на БЈБ вели „монтирани државни исплати завршувале во приватни џебови“

Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на фејсбук напиша дека правдата во државата конечно доаѓа во државата.
„Конечно, тропа правдата!

По децении на молк, страв и политичка заштита, државата започнува да го расчистува најтемниот дел од својата пост-транзициска ера.

Со интегритет, решителност и координирано институционално дејствување, се иницира демонтажа на длабоко вкоренетата политичко-криминална структура која со години ја пљачкаше државата одвнатре.

Години наназад, одредени бизнис елити, поврзани со политички и економски центри на моќ, потпомогнати од поединци вработени во државната администрација, создаваа цел систем на недопирливост, монопол и влијание. Луѓе за кои беше јавна тајна дека делуваат во сенките на државата, штитени од врвот на политичко-бизнис пирамидата, денес конечно се повикуваат на одговорност. Тие не се само лица – тие се симболи на епохата на институционализирана злоупотреба, системско државно ограбување и уривање на правдата.

Под маската на легален профит, преку фиктивни прикажувања на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ, конструирајќи трансакции кои никогаш не постоеле. Монтирани државни исплати потоа завршувале во приватни џебови.

Првичните проценки се дека државата е оштетена за над 4 милијарди денари – средства што требале да завршат во здравство, образование, безбедност и инфраструктура, а не на приватни сметки и во луксузни имоти.

Решителни сме – правдата ги допира и оние кои мислеле дека ќе останат недопирливи“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести