Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИЧНИ ПРЕТПОСТАВКИ: Грешка на возачот или техничка неисправност

ПРВИЧНИ ПРЕТПОСТАВКИ: Грешка на возачот или техничка неисправност

Според изјавата на директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов, грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени.

Тој информира дека во опожарениот автобус имало 52 патници, од кои 12 се деца. Првичните информации говорат дека нема бугарски државјани.

Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата

„Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се“, рече Рашков.

Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.

Според информациите, автобусот со патниците се враќал од Истанбул, каде биле на екскурзија.

Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков

За МИА премиерот Зоран Заев заедно со министрите Бујар Османи и Венко Филипче одат за Бугарија. 

Исто така потврдил дека во Бугарија се упатени и надлежни екипи од Македонија.

Слично

Поврзани вести