Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ РЕАКЦИИ ПО ИЗБОРОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА: „Ај нек се угоде“ напиша Апасиев

ПРВИ РЕАКЦИИ ПО ИЗБОРОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА: „Ај нек се угоде“ напиша Апасиев

Лидерот на „Левица“, попладнево со нова критика кон одлуките и спојувањата кои ги преземаат претставниците на власта, но и кон „договорите“ кои се склучуваат со судската фела. 

Иако постот на Димитар Апасиев е всушност пренесен став на партијата „Трета опција“, Апасиев самиот има сосем краток став, од само една реченица, сепак, кажува многу заедно со фотографиите и објавата од оригиналниот пост.. 

- Опааааааа, ај нек се угоде - пишува во постот на Апасиев, заедно со хаштаг насловен Широка коалиција. 

Еве што објави Апасиев на Фејсбук. 



Но, она што е особено интересно е фактор дека сега во редовите на Државната комисија за спречување корупција влегува судиката Софија Спасова Медарска, чиј сопруг е познатиот адвокат Филип Медарски, кој е всушност и адвокат на поранешниот премиер Зоран Заев.

- Денес широката коалиција на СДС и ДПМНЕ ја изгласа судијката СОФИЈА СПАСОВА МЕДАРСКА за нов член на Антикорупциска комисија!

Судијката Софија е сопруга на партискиот адвокат на Заев - ФИЛИП МЕДАРСКИ! - стои во нивната објава.

Слично

Поврзани вести