Први патници на македонските аеродроми: Утре наутро лет до Бремен
Од утре се отвораат двата аеродроми во Македонија, а веќе се закажани и првите летови.
Од ТАВ денеска известија дека првиот лет кон аеродромот Свети Апостол Павле од Охрид ќе биде реализиран утре во 12.30 часот кога на охрдискиот аердорм ќе слета авионот од Цирих. Истиот ден ќе има и уште едно слетување, односно ќе слета авион на Визер од Милано.
Предвидени се и две полетувања - од Охрид до Цирих во 13.30 часот и од Охрид до Малпенса во 17.45 часот.
Првиот чартер лет, пак, на аеродромот во Охрид се очекува на 5 јули од Варшава, а закажан е чартер и на 25 јули кој од Амстердам пристигнува во 11.10 часот.
Вчера беше објавен и летниот ред на летање од Меѓународниот аеродром Скопје.
Први полетувања од Меѓународниот Аеродром Скопје, во среда, 1-ви јули
6:00h Бремен
6:15h – Ларнака
6:30h – Стокхолм
6:45 – Келн
Први слетувања на Меѓународниот Аеродром Скопје, во среда, на 1-ви јули
8:50h – Истанбул (Туркиш ерлајнс)
9:20 – Истанбул (Пегасус ерлајнс)
