Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ГЛАСАЊЕТО ВО 9.30: Мали технички проблеми на некои избирачки места

ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ГЛАСАЊЕТО ВО 9.30: Мали технички проблеми на некои избирачки места

Првите официјални информации за текот на гласањето на вториот круг од локалните избори ќе бидат соопштени на првта прес-конференција на Државната изборна комисија во 9.30, соопшти за портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска за Сител.

Засега, како што рече, првичните информации со кои располагаат укажуваат дека гласањето се одвива нормално.

-Има дел избирачки места каде што има мали технички проблеми, меѓутоа се надминуваат. Во најголем број од избирачките места гласањето е успешно започнато. Најголем дел од проблемите се со уредите за отпечаток со прст. Од она што го имаме до сега како информација е неможност да се логираат претседателите на избирачките одбори во уредот, нечитливи лозинки...меѓутоа веднаш се интервенира на лице место за да продолжи нормално гласањето, рече Гугучевска за Сител.


Слично

Поврзани вести