„ПРВИ КОИ ЌЕ БИДАТ СМЕСТЕНИ ВО ТИЕ КАМПОВИ ЌЕ БИДАТ ТОКМУ ПРЕМИЕРОТ И НЕГОВИТЕ МИНИСТРИ“:Жерновски за договорот со Велика Британија
Андреј Жерновски на неговиот фејсбук профил го коментира договорот на Македонија со Велика Британија.
„Не сакам да верувам дека е можно македонски премиер да прифати Договор кој содржи одредби за отворање на мигрантски кампови во Македонија.
Сепак, фактите велат дека откако албанскиот премиер Рама го одбил предлогот на неговиот британски колега Стармер, Британија бара нова земја на Балканот во која би ги префрлила имигрантите што не добиле азил. Британски весници веќе ја спомнуваат Македонија како наредната дестинација каде ќе бидат сместени депортираните азиланти, а официјален Лондон вчера потврди дека македонската влада се согласила, цитирам, да се приклучи кон Заедничката работна група за миграција, формира работна група за миграција.
Сѐ уште се надевам дека сето ова не е вистина, но после објавата на официјалната страна на Владата не Обединетото Кралство, како и текстот во реномираниот “Телеграф”, расте загриженоста и револтот.
Ако е тоа точно, тогаш сакам да им порачам дека според реакцијата на, со право разгневените граѓани, мене ми изгледа дека први кои ќе бидат сместени во тие кампови ќе бидат токму премиерот и неговите министри!“, напиша тој.
Слично
