Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВАТА ВОЗРАСНА ПАЦИЕНТКА ВО „КОЗЛЕ“ НЕМА КОРОНА: 61-годишната жена има хронична хипертензија

ПРВАТА ВОЗРАСНА ПАЦИЕНТКА ВО „КОЗЛЕ“ НЕМА КОРОНА: 61-годишната жена има хронична хипертензија

Д-р. Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ во изјава за Фактор вели дека првата возрасна пациентка која денеска пристигнала во новиот Ковид-центар, од приватната болнца Систина била препратена кај нив, но не е позитивна на вирусот и веќе дома со одредени препораки од лекарите.

- Денеска примивме 61-годишна пациентка, која кај нас беше испратена од Аџибадем Систина. Таму и било направено серолошко тестирање, но бидејќи тие тестови не се препорачуваат за идентификација на заразата, кај нас беше прегледана од лекар интернист и беше утврдено дека има хорнична хипертензија, односно висок крвен притисок. По направените испитувања е утврдено дека не се работи за пациентка со корона вирус, а дадена е соодветна терапија и препорака за понатамошен третман. Пациентката е пуштена дома и според одредени протоколи, ќе мора да се јави во Ценатрот за јавно здравје и да остане во 14-дневна изолација, вели д-р. Андоновски.

А.Б.

Слично

Поврзани вести