Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВАТА РЕГИОНАЛНА БЕРЗА ЗА СТРУЈА ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА: Заеднички пазар на Србија, Словенија и Унгарија

ПРВАТА РЕГИОНАЛНА БЕРЗА ЗА СТРУЈА ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА: Заеднички пазар на Србија, Словенија и Унгарија

Оваа недела почна да функционира првата регионална берза за електрична енергија во овој дел од Европа, во која учествуваат Србија, Словенија и Унгарија, изјави српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

- Нашите три земји ги вклучија своите берзи за да бидат поефикасни во трговијата со електрична енергија, но сето тоа ја зголемува и достапноста на електрична енергија за нашите земји, за нашите граѓани и економијата и создава услови за поповолни цени - додаде таа на состанокот на Министерски совет на Енергетската заедница во Виена.

Инаку, регионалната берза за електрична енергија ADEX Group во вторникот објави дека успешно реализирала трансакција со која се консолидираат словенечките, српските и унгарските берзи за електрична енергија BSP, HUPX и SEEPEX во нејзина сопственост.

Така, како што соопшти Електромрежа Србија, која е еден од основачите на ADEX Group, направен е важен чекор во развојот на пазарот на електрична енергија во овој регион.

- Ова ја позиционира групацијата ADEX како водечки центар за тргување со електрична енергија во Централно-источна и Југоисточна Европа и дава дополнителна поддршка за ликвидноста на пазарот, интеграција преку нејзино спојување, како и за ефикасност и транспарентност на цените - се наведува.

Со оваа трансакција, ADEX Group станува единствен акционер на BSP, HUPX и SEEPEX.


Слично

Поврзани вести