Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата пациентка со коронавирус денеска заминува дома

Првата пациентка со коронавирус денеска заминува дома

Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Министерството наведува и дека во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.


Слично

Поврзани вести