Првата одлука за притвор може да „падне“ уште денес
Откако СЈО побара мерка притвор за околу 100 лица обвинети во 17 предмети уште вечерва може да дознаеме дали кривичниот суд ќе донесе одлука да ги прифати барањата на тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Кривичниот суд информираше дека сите обвиненија поднесени од СЈО се веќе примени. Случаите „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“ ќе ги оценува судијката Моника Бахчовановска. Таа му е сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функцинер на ВМРО-ДПМНЕ. Предметот „Тарифа“ се паднал кај Лидија Петровска, во бомбите позната како сваровски судијка, а кај Горан Бошевски одат „Трезор“ и „Тренк“. Судијката Верка Петковска ќе го суди „Титаник 2“, а Ленка Давитковска „Топлик“. „Тендери“ ќе ги суди Ивица Стефановски, а Татјана Михајлова „Тенк“ и „Траекторија“. Кривичен соопшти дека за барањата за притвор ќе одлучуваат денеска и утре.
