Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата антикорупционерка Димитровска поднесе оставка во Собранието

Првата антикорупционерка Димитровска поднесе оставка во Собранието

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, поднесе оставка утрово во Собранието.

„Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција. Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани“, потврди Собранието.

Оставката следува една недела откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривично дела на Димитровска.

Едното е за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, подоцна обвинет во „Адитив“.

Второто дело е за компјутерски фалсификат затоа што вработен од Државниот завод за ревизија во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.

ДКСК подолго време (не)работеше затоа што првиот човек на „Антикорупциска“ беше под истрага на Обвинителството и и беше наредено да се „оддалечи од работното место“.

Слично

Поврзани вести