Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, е единствената членка на ДКСК која поседува дипломатски пасош, доделен од Министерството за надворешни работи (МНР). Останатите шест членови на Комисијата, иако поднеле барања, сè уште не добиле одговор од МНР .​

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изјави дека поседувањето дипломатски пасош не носи имунитет за новоосомничената функционерка, која според Обвинителството, одавала службени тајни за осомничени функционери во случајот „Адитив“. ој нагласи дека дипломатскиот пасош не влијае на правната постапка и дека МНР ќе го одземе пасошот кога ќе престане функцијата на носителот.​

- Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош. Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред се како човек, не како министер, логично е дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија, рече Муцунски.


Слично

Поврзани вести