Прванов бара Бугарија да побара прием на Македонија под уставното име
Во интервју за бугарската телевизија БНТ, поранешниот бугарски претседател, Георги Прванов оценува дека „туркањето“ на договорот во Парламентот, откако референдумот не го достигна потребниот цензус, не би резултирало со помирување и постигнување национален консензус, туку би ги заострило спротивностите.
Прванов коментира дека иницијативата за промена на името на Македонија нема да доживее успех и дека Бугарија би требало да се постави како фактор за надминување на кризата и во договор со македонската страна да побара прием на Македонија во меѓународните организации под нејзиното уставно име.
Вели не се постигна висока излезност, на база на Договорот. Прванов вели дека на луѓето не им се допаднала идејата за новото име.Прванов вели дека Македонија е нестабилна, а граѓаните се конфронтирани.
Слично
