Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првачињата го добија учебникот по општество на два месеци до крајот на наставната година

Првачињата го добија учебникот по општество на два месеци до крајот на наставната година

Извор: Република

Првачита на помалку од два месеци до крајот на наставната година го добија учебникот по општество.

Децата веќе го имаат поминато поголемиот дел од материјалот со прирачници, а родителите веќе ја споделуваат информацијата на социјалните мрежи.

Во однос на дефицитот на учебници, претходно ресорниот министер Јетон Шаќири рече дека се распределени сите наставни материјали и дека останало да се распредели уште учебникот по Општество за прво одделение и по македонски јазик за петто одделение.

Министерот за образование и наука на почетокот од годината рече дека овие учебници ќе се достават по училиштата до крајот на наставната година.

Слично

Поврзани вести