Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВА ЖРТВА ВО ЗЕМЈАВА - почина жена од Куманово на 57 години

ПРВА ЖРТВА ВО ЗЕМЈАВА - почина жена од Куманово на 57 години

Короната ја зеде првата жртва. 

„За жал го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот, кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажале негативен резултат. Но, и покрај негативните  резултати, заради тоа што болеста била типична за коронавирусот, таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен по констатација на смртта во текот на вчерашниот ден, вечерта и тој бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата заради тоа што тоа е нетипично за друга болест и тоа ги натерало колегите повторно да се посомневаат и да земат уште еден, трет брис“, информираше министерот Филипче.

Нејзиниот син има 33 години, вчера му се влошила состојбата, бил на изолација, сега е на Инфективна, во стабилна здравствена состојба. 

Во изминатите 24 часа има 9 нови случаи, сега бројот е 114. Во Скопје се 65, а Дебар 36.

На Инфективна има 24 пациенти. Седум се на третман со кислород, само кислородна маска. 

Пациентката од Дебар е во непроменета состојба. 

Пациентите на домашно лекување се во комуникација со лекарите.

Слично

Поврзани вести