Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва жртва од пожарите во Македонија: Пронајдено пеплосаното тело на 59-годишната жена

Прва жртва од пожарите во Македонија: Пронајдено пеплосаното тело на 59-годишната жена


Попладнево спасувачките екипи и пожарникарите во Старо Нагоричане, по долго пребарување, успеаја да го пронајдат пеплосаното тело на 59-годишна жена во пожарите кои го зафатија Куманово.

 Алсат јавува дека телото е пронајдено во урнатините на куќа во селото Челопек. Овој случај воедно е и првата жртва пд пожарите што ја зафатија земјата.

Нејзин соселанец претходно рече дека таа се затворила во собата додека бегала од огнената стихија.

Владата на денешната 95-та седница донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена.


Слично

Поврзани вести