Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва вон-балканска земја денеска ќе го ратификува приемот на Македонија во НАТО

Прва вон-балканска земја денеска ќе го ратификува приемот на Македонија во НАТО

По романскиот вчера, денеска и литванскиот парламент треба да го ратификува пристапот на Македонија како 30-та земја членка на НАТО.

Литванија ќе биде првата вон-балканска земја која ќе ја прифати Македонија во Алијансата преку овој лин во законодавниот дом, по Грција, Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Романија.

На седницата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе има и обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, земјата и официјално ќе стане полноправна членка.


Слично

Поврзани вести